Величествениот мавзолеј од 17 век

Судот им нареди на властите: Или срушете го или обновете го Таџ Махал

На властите на индиската држава Утар Прадеш, врховниот суд на Индија им наредил да го затворат и срушат мавзолејот Таџ Махал или да го обноват, пишува Економист.

Како се наведува, прекрасниот мермерен мавзолеј во градот Агра, на север од Индија, се бори со модерни непријатели: токсичен воздух и валкана вода.

Екстериерот на мавзолејот од 17 век, чија изградба Шах Џахан ја наредил за својата најдрага сопруга Арџуманд Бано Бегум, попозната како Мумтаз Махал, некогаш бил чистo бела боја.

Ова се променило - ѕидовите на Таџ Махал сега се, делумно ако не и целосно, различни нијанси на жолта, кафеава црна и зелена боја.

Првите знаци дека нешто не е во ред се појавиле уште во 1938 година, кога индиската влада формирала комитет за решавање на проблемот со постепеното потемнување на споменикот.

Според Светската здравствена организација, Агра е на осмо место на најзагадени градови во светот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе