Судот ѝ пресуди на шпанската влада: здравствените работници се во право

Судот во покраината Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната влада затоа што на лекарите не им обезбедила заштитен материјал за лечење на пациентите со коронавирус.

Ова е прва ваква пресуда во Шпанија, една од земјите што се најпогодени од пандемијата.

Во Шпанија во последните три месеци над 50.000 здравствени работници се заразени со вирусот.

Во пресудата на судот се наведува дека владата на Арагон го загрозила здравјето и животот на здравствените работници и наредено ѝ е да ги опреми сите јавни и приватни здравствени установи со потребната опрема.

Пресудата, во која не се споменува обесштетување или други казни за одговорните, беше донесена откако синдикатот поднесе тужба. Владата на Арагон на судењето тврдеше дека владата во Мадрид е одговорна за недостигот од заштитна опрема, но судијката сметаше дека одговорноста е кај автономните власти на покраината.

Во Шпанија беа заразени 240.660 лица, од кои 150.400 се излечени. Починаа повеќе од 60 лекари и медицински сестри.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе