Судот го отфрли барањето на Белата куќа за забрана на книгата на бившиот советник на Трамп

Судот во Соединетите Држави го отфрли барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се забрани објавувањето на книгата на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Судот соопшти дека однесувањето на Болтон предизвикува сериозна загриженост за националната безбедност, но дека забраната не е соодветна мерка.

Откако во јавноста се појавија извадоци од книгата, Министерството за правда поднесе барање за привремено суспендирање на печатењето, бидејќи нејзиното објавување ќе „ѝ наштети на националната безбедност на Соединетите Држави“.

Администрацијата на Трамп поднесе тужба со цел да се спречи објавувањето на книгата планирана за следната недела, со образложение дека Болтон со тоа ги прекршил договорите за доверливост.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе