Судирот на Израел и Палестинците ескалира, ракети паѓаат врз Газа и Тел Авив (ВИДЕО)

Судирите на Израел и палестинските екстремистички организации во појасот Газа ескалираа и денес и министерството за здравство со кое управува Хамас соопшти вечерва дека во последните 24 часа се убиени 28 луѓе на таа територија, а дека 152 се ранети.

EPA-EFE

Меѓу загинатите во израелските воздушни напади се десет деца и една жена.

Израелската војска тврди дека 16 жртви биле екстремисти и дека некои палестински цивили можеби биле убиени во експлозија на погрешно испукани ракети.

Во Израел се убиени две жени и десетици луѓе се ранети во масовниот баражен оган насочен кој јужните израелски територии.

Тоа се првите жртви на израелска страна во судирите кои почнаа вчера за време на кои беа испукани стотици ракети од Газа.

Исламистичката екстремистичка организација Хамас која владее со Газа тврди дека денес во период од само 5 минути биле испукани 137 ракети во очигледен обид за пробивање на одбранбениот систем Железна купола, наведуваат израелските медиуми.

Помалку од еден час подоцна во нов баражен оган се убиени двете жени, една Израелка и една странкиња која работела во Израел.

Бидејќи голем број куќи во помалите градови се директно погодени и немаат засолништа, израелската војска им дала инструкции на жителите да останат во заштитени простори, но таа инструкција била подоцна укината за повторно да се огласат сирените за ракетна тревога.

По наглиот денешен пораст на бројот на палестински ракетни напади, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги засили нападите врз Газа.

„Од вчера војската изведе стотици напади врз Хамас и Исламски џихад во Газа и уште ќе ги засилиме. На крајот на проценката на ситуацијата е одлучени и јачината и бројот на нападите да се зголемат“, кажа Нетанјаху во видео-порака, заканувајќи се дека „сега Хамас ќе добие удар кој не го очекувал“.

Во меѓувреме Египет се обидува да посредува за прекин на огнот, но циклусот насилства зема замав.

И пред загинувањето на двете жени на израелска територија земјата соопшти дека го засилува военото присуство на границата со Газа и министерот за одбрана Бени Ганц нареди мобилизација на 5.000 резервисти.

На ракетирањето му претходеа судири на Палестинци и припадници на израелските безбедносни сили, вклучувајќи и драматична конфронтација на местото каде што се наоѓа џамијата Ал акса, света и за Евреите и за муслиманите.

Најновото насилство, како претходните, вклучувајќи ја последната интифада или востание против окупацијата, е поттикнато од спротивставените присвојувања на Ерусалим чиј источен дел Израел го освои во Шестдневната војна во 1967 година.

Израелските лидери тврдат дека целиот Ерусалим ќе остане вечна престолнина на Израел додека Палестинците тежнеат источниот дел да биде главен град на нивната независна држава која ќе ги опфаќа Западниот брег и појасот Газа, територии исто така окупирани во војната во 1967.

Израел и Хамас три пати војуваа и повеќе пати се судираа откако организацијата на сила ја презема контролата над појасот Газа од силите лојални на поумерениот Фатах и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе