Десетици приведени

Судири на граѓани и полицијата во Грција (ВИДЕО)

Најмалку две лица се повредени денес во Атина и Патрас, каде избија судири на граѓаните и полицијата на годишнината на полициското убиство на момче пред 11 години.

Поголеми групи млади луѓе во Атина палеа контејнери и со чекани ги кршеа тротоарите а потоа со искршените парчиња ја гаѓаа полицијата. Приведени се најмалку 15 лица.

Во Патрас демонстрантите фрлаа запалливи бомби врз полицајците и дојде до поголеми судири. Две лица се поврдени, две се уапсени а 20 приведени.

Полицијата соопшти дека околу 5.000 луѓе учествуваа во вечерните демонстрации, а дека меѓу нив имало млади луѓе од анархистичките организации, додека на студентските протести на пладне учествуваа околу 2.000 луѓе.

На улиците имало околу 3.500 полицајци.

Властите ги затворија главните сообраќајници во центарот на Атина и најмалку една станица на метрото.

Слични протести беа одржани и во други грчки градови, како потсетување на годишнината на смртта на 15-годишниот Григиропулос, во кој на 6 декември 2008 полицаец пукаше во центарот на Атина.

По убиството на момчето следеа двонеделни протести.

Полицаецот кој беше осуден за убиство беше пуштен од затвор претходно годинава откако во жалбена постапка му беше намалена казната.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе