Судири на аеродромот во Хонг Конг; ОН повикуваат на воздржаност (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстрантите се судрија со полицијата на меѓународниот аеродром во Хонг Конг, откако летовите се прекинати втор ден по ред, втурнувајќи ја поранешната британска колонија подлабоко во немири, пренесе Ројтерс.

Судирите избувнале вечерта помеѓу полицијата и демонстрантите, откако повредено лице од главниот терминал е изнесено од страна на медицински лица.

Неколку полициски возила биле блокирани од демонстрантите, полицијата влегла внатре и ги туркале демонстрантите назад користејќи лут спреј.

Демонстрантите, исто така, барикадирале некои премини на аеродромот со колички за багаж и други предмети.

Властите на аеродромот во Хонг Конг соопштија дека работата на аеродромот била „сериозно нарушена“ и дека патниците кои требало да полетаат не биле во можност да стигнат до шалтерите.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права го повика Хонг Конг на воздржаност и да ги испита доказите за употребата на солзавец на демонстрантите од страна на полицијата на начини забранети со меѓународното право.

„Одвојте малку време да го погледнете нашиот град, нашиот дом“, изјави премиерката Кери Лам, со растреперен глас, на прес-конференција во комплексот на седиштето на владата, која е утврдена зад 1.8 метри високи барикади исполнети со вода.

„Можеме ли да прифатиме да го втурнеме во бездна и да гледаме како се крши на парчиња?“, додаде таа.

Кина неделава ги осуди некои од демонстрантите поради употребата на опасни алатки при напади на полицијата, нарекувајќи ги судирите „зачетоци на тероризам“. Ова е еден од најголемите предизвици на претседателот Си Џинпинг откако дојде на власт во 2012 година.

Правните експерти на Хонг Конг велат дека е можно Пекинг да отвора пат со цел да може да употреби анти-терористички закони со цел да ги задуши демонстрациите.

Судирите на аеродромот уследија по невиденото блокирање на аеродромот во понеделникот.

Илјадници демонстранти облечени во црно денес го заглавија терминалот, извикувајќи, пеејќи и мавтајќи со транспаренти.

Првично, на аеродромот било мирно додека демонстрантите на патниците им ги објаснувале своите цели.

„Жал ни е за непријатностите, се бориме за иднината на нашиот дом“, се вели на еден банер на протестот на аеродромот.

„Мислам дека парализирањето на аеродромот ефективно ќе ја принуди Кери Лам да ни одговори... може дополнително да изврши притисок врз економијата на Хонг Конг“, рече Дороти Ченг (17).

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе