Месечно заседание

Судир на Москва и Берлин во Советот за безбедност поради Навални

Русија се судри со Германија и петте нејзини западни сојузници на месечното заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации околу труењето на опозицискиот активист Алексеј Навални.

EPA-EFE

Претставникот на Москва побара докази дека новичок бил употребен против критичарот на Кремљ, додека амбасадорот на Германија соопшти дека наодите ѝ се предадени на меѓународната агенција за хемиско оружје.

На месечното заседание на Советот учествуваа и амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Белгија, Британија, Естонија и Франција, кои изразија загриженост поради тврдењата на Берлин дека Навални е жртва на напад со хемиско оружје.

Амбасадорот на Британија Џонатан Ален кажа дека сличен нервен отров бил употребен на југот на Англија во 2018 против рускиот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.

Тој истакна дека Британија ги поддржува откритијата на Берлин за труење на Навални и ја повика Русија да спроведе сеопфатна и транспарентна истрага околу овој случај и да ја поддржи Конвенцијата за хемиско оружје.

Заменикот на американскиот амбасадор во ОН го осуди труењето на Навални и ја повика Русија да ги изнесе пред лицето на правдата лицата одговорни за инцидентот.

Рускиот амбасадор при ОН Василиј Небензја во Советот за безбедност соопшти дека Русија е страната најзаинтересирана да открие што се случило со Навални и дека Москва сака Германија да ги сподели доказите до кои дошла.

Тој истакна дека руските доктори кои го спасиле неговиот живот не откриле присуство на отров.

Амбасадорот на Германија во ОН Кристоф Хојсген ја обвини Русија дека се обидува да го сврти вниманието од инцидентот и дека тоа не е прашање кое се однесува на Германија и Русија, туку „прашање на меѓународната загриженост“ во врска со употребата на хемиско оружје.

Рускиот амбасадор истакна дека ова прашање е прашање на односите меѓу Германија и Русија, а не меѓународно прашање.

Тој напомена дека, доколку не ги пружи на увид податоците за случајот на Навални, Москва ќе смета дека Берлин одбива да се утврди вистината во истрагата.

Таквиот потег ќе се смета за провокација против Русија, која дефинитивно ќе ги наруши руско-германските односи и меѓународните односи во целост, истакна Небензја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе