Судир на кинеската и индиската војска во регионот на Кашмир, загинаа тројца индиски војници

Во судир на кинеската и индиската војска во областа Ладак во спорниот регион Кашмир, загинаа тројца индиски војници.

EPA-EFE

Индиската војска денес соопшти дека жртви има на двете страни.

Пекинг, меѓутоа, не соопшти дека меѓу кинеските војници има загинати.

Кина ја обвини Индија дека е одговорна за инцидентот, тврдејќи дека индиските војници двапати ја преминале спорната граница и ги „нападнале“ кинеските војници.

Индиските власти претходно кажаа дека кинески војници на почетокот на мај влегле во Ладак, дека поставиле шатори и стражарски куќички, игнорирајќи ги предупредувањата да заминат од таму.

Тоа довело до тензии, проследени со фрлање камења и тепачки.

Индија и Кина војуваа околу прашањето на границата во 1962 година, а од почетокот на 1900-тите се обидуваат да го решат спорот.

Кина тврди дека на неа ѝ припаѓа територија од 90.000 квадратни километри на североистокот на Индија, која ја опфаќа индиската сојузна држава Аруначал Прадеш, каде живее будистичка популација.

Индија наведе дека Кина окупирала 38.000 квадратни километри нејзина територија во западниот дел на Хималаите, вклучувајќи дел од регионот Ладак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе