Судир на јапонска подморница и брод во Тихи океан, неколку лица повредени

Јапонската подморница е оштетена, а тројца членови на екипажот се полесно повредени во судир со приватен брод што се случи вчера во близина на брегот на Тихи океан.

EPA-EFE/DAVID MOIR

„Подморницата на јапонските морски одбранбени сили се судри со брод крај брегот на префектурата Кочи во јужна Јапонија“, изјави Катсунобу Като, генерален секретар на јапонската влада.

Тој ги пренесе тврдењата на крајбрежната стража дека приватниот брод не е оштетен.

Властите ги испитуваат деталите за инцидентот, видот на бродот со кој се судрила подморницата и државата во која е регистриран. Морнарицата објави дека членовите на екипажот се полесно повредени и дека подморницата е оштетена, но може да продолжи да плови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DAVID MOIR

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе