Дижон

Суд во Франција го поништи името Џихад на едногодишно бебе

Француски суд го укина името Џихад што една мајка му го дала на своето дете кога се родило пред скоро една година, затоа што смета дека има негативно значење.

„Судот не го прифаќа ова име затоа што смета дека може да му наштети на детето и дека веројатно ќе му предизвика проблеми“, рече судот во Дижон и истакна дека „се грижи за најдобрите интереси на детето“.

„Името Џихад има негативно значење затоа што се поврзува со џихадистичкото движење, и го заменуваме со Џахид, кое на арапски значи напор или храброст и не е поврзано со војна“, рекоа судиите.

Аферата избувна во почетокот на ноември 2018 година кога градската власт се обрати до судот за семејни права, за да побара поништување на името.

„И покрај тоа што името Џихад се дава во арапскиот свет, и значи 'света борба, света војна, работа, труд', што значи може да има и позитивно значење, останува фактот дека во јавното мислење и од аспект на сегашниот терористички контекст ова име се поврзува со фундаменталистичките исламистички движења“, објасни јавниот правобранител на Дижон Ерик Матаис.

Тој истакна дека се плаши дека тоа име за детето ќе биде стигма и дека тоа ќе биде изложено на исмејување, потсмев и навредливи зборови.

Мајката на момчето, која не е муслиманка, за регионалниот весник Ле биен паблик рече дека го одбрала ова име затоа што „многу си го сака синот“.

„Тоа е личен избор. Ова име нема никаква врска со војната. Не смееме да гледаме војна насекаде. Во Франција многу девојчиња се нарекуваат Мари, тоа исто така е име поврзано со религијата, но на нив не им велиме ништо“.

Таа сепак рече дека во случај на негативна одлука од судот ќе ги смени двете букви и ќе му го даде на својот син името Џахид, што беше епилогот и на еден сличен случај во април 2018 година, со брачна двојка од југозападниот дел на Франција, во Тулуз.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе