Студија: Повеќемината од првозаразените во Њујорк дошле од Европа, а не од Кина

Неодамнешните истражувања покажаа дека новиот вид на коронавирус започнал да циркулира во областа на Њујорк кон средината на февруари, неколку недели пред првиот потврден случај, и во Њујорк главно бил донесен од патници од Европа, а не од Азија.

„Повеќето од увезените случаи се очигледно европски“, рече генетичарот Харм ван Бејкл од Медицинскиот факултет Ајкан, водач на студијата, која сè уште не поминала рецензија од други експерти, пренесува Њујорк Тајмс.

Друг тим научници од Медицинскиот факултет Гросман дошле до слични заклучоци, и покрај анализата на различни групи заразени. И двата тима набљудувале геноми на коронавирусот земени од њујорчани кон средината на март.

На 31 јануари американскиот претседател Доналд Трамп го забрани влезот за странски државјани кои биле во Кина во изминатите две недели. Италија започна да воведува карантин во своите градови дури на крајот на февруари, а на 11 март Трамп објави дека ќе им забрани влез на сите патници од повеќето европски земји. Со тоа што тогаш веќе било предоцна, затоа што многу њујорчани кои биле во Европа и таму се заразиле со коронавирусот веќе се вратиле дома.

За да ги следат вирусните мутации, научниците треба да го секвенцираат целокупниот генетски материјал на вирусот - неговиот геном. По собирањето геноми од повеќе примероци на вируси, тие можат да ги споредат нивните мутации и со помош на компјутерски програми да забележат како настанале мутациите.

Првиот позитивен резултат на ковид-19 е пријавен во Њујорк на 1 март, а неколку седмици подоцна во болниците почнале да пристигнуваат сè поголем број заразени лица. Докторката Адријана Хегај и нејзините колеги од Гросман воочиле дека некои њујоршки вируси делеле уникатни мутации и проценуваат дека коронавирусот започнал да циркулира во областа на Њујорк пред неколку месеци.

Експерти од Медицинскиот факултет Ајкан почнале да ги следат геномите на пациенти кои се пријавиле во нивната болница. Откриле дека првите случаи на зараза во Њујорк не биле поврзани со оние што се појавиле подоцна. Вирологот Ана Силвија Гонзалез-Раика и нејзините колеги забележале дека овие вируси се практично идентични со вирусите кои се наоѓаат ширум Европа.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе