Студија: Лекот за намалување на холестерол ја намалува смртноста од корона

Стотици милиони луѓе ширум светот користат статини, лекови кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го спречуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Една нова американска студија покажа дека токму статините, „лековите против маснотии", ја намалуваат и смртноста од ковид-19, пренесува порталот Медикал њуз тудеј.

Покрај нивната примарна цел, статините имаат и силно антиинфламаторно, антикоагулантно и антивирусно дејство, сето тоа може да придонесе за намалување на компликациите поврзани со тешка клиничка слика од ковид.

Затоа група американски научници, меѓу кои и кардиолози кои се грижеле за лица заболени со ковид, го истражувале влијанието на статините врз оваа болест.

Тие го споредиле исходот од третманот на 1.296 пациенти хоспитализирани поради ковид. Половина од нив редовно користеле статини пред заразата, а половина не.

Откако ги спариле пациентите така што ги исклучиле демографските разлики и другите фактори на ризик, тие откриле дека употребата на статини кај испитаниците ја намалила смртноста за 50 проценти еден месец по хоспитализацијата.

Ова е најголемата студија од ваков вид досега спроведена, но не е единствена. Студија спроведена минатата година во Сингапур покажа дека луѓето кои користат статини имаат помала веројатност да завршат на одделот за интензивна нега поради ковид отколку оние кои не ги земаат како вообичаена терапија.

Во американско истражување е утврдено дека пациенти кои користат статини се опоравуваат побрзо од ковид.

Научниците сметаат дека ова може да биде затоа што статините, покрај тоа што го намалуваат воспалението и ризикот од згрутчување, го отстрануваат холестеролот од надворешните обвивки на клетката. Рецепторите на кои се врзува САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид, се наоѓаат токму во делот на клеточната мембрана каде се таложи холестеролот. Без него, вирусот не може да навлезе во клетката, покажаа резултатите од студијата.

Научниците сега треба да ги потврдат своите наоди со поголеми и подетални клинички истражувања.

„Доколку клиничките испитувања ги потврдат резултатите, статините би можеле да се покажат како евтина и ефикасна терапевтска стратегија во борбата против ковид“, рече водечкиот автор на студијата, др. Махеш В. Мадхаван, кардиолог од медицинскиот центар Ирвинг при њујоршкиот универзитет Колумбија.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе