Студија: 80 проценти од Британците не се придржуваат до насоките за самоизолација

Повеќе од 80 проценти од жителите на Велика Британија не се придржуваат до насоките за самоизолација ако имаат симптоми на ковид-19 или биле во контакт со некој што имал позитивен тест, покажа истражувањето на лондонскиот Кингс колеџ.

Фото: ЕПА

Кингс колеџ на својата веб-страница наведува податок според кој повеќето граѓани не знаеле да ги препознаат или наведат симптомите на ковид-19.

Истражувањето ја доведува во прашање ефективноста на британската програма „за следење, тестирање и изолација“, додека премиерот Борис Џонсон се обидува да го спречи ширењето на инфекцијата со воведување нови ограничувања.

Истражувачите откриле дека само 18,2 проценти од Британците кои забележале симптоми на ковид-19 во последната недела, останале дома од претпазливост, а само 11,9 проценти од оние кои забележале симптоми побарале тестирање за ковид-19.

Студијата исто така покажала дека само 10,9 проценти од Британците известени од надлежниот национален орган дека биле во близок контакт со болно лице навистина останале во изолација за пропишаните 14 дена.

Во обид да се зголемат шансите граѓаните да се придржуваат до епидемиолошките упатства за „следење, тестирање и изолација“, лондонската влада неодамна предвиде дека прекршувачите на карантинот мора да платат казна во износ од 10.000 фунти и дека луѓето со ниски примања кои мора да бидат ставени во карантин ќе добијат финансиска помош од 500 фунти.

Научниците веруваат дека финансиската помош може да придонесе граѓаните да се однесуваат епидемиолошки одговорно.

Анкетата покажа дека причините за непочитување на мерките за изолација и самоизолација се движат од незнаење на владините упатства до непрепознавање на симптомите на болеста.

Нешто помалку од половина од учесниците биле во можност да ги препознаат клучните симптоми на ковид-19, наведувајќи кашлица, треска и губење на чувството за вкус или мирис.

Студијата користела податоци собрани помеѓу 2 март и 5 август и се заснова на 42.127 одговори од 31.787 учесници на возраст над 16 години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе