Илјадници млади на улиците

Студентски протести низ Албанија поради високите школарини и лошите услови (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници студенти и ученици излегоа на улиците во повеќе албански градови протестирајќи против високите школарини и лошите услови за учење и студирање.

Ним им се придружија и професорите, јавуваат албанските медиуми, кои тврдат дека почнале закани кон организаторите на протестите дека ќе ги трпат последиците доколку не се тргнат од улиците.

Протестите во Тирана, како што се тврди, ја достигнаа својата кулминација, а на улиците се илјадници млади во бројка која досега не успеала и не може да ги собере ниедна политичка опција.

Тие протестираат пред министерството за образование во знак на протест против зголемените школарини. На владата ѝ дадоа ултиматум денес до 16 часот да ги намали трошоците или во спротивно протестите ќе бидат радикализирани.

Демонстрантите бараат и подобри услови, како и одложување на школарините за јануари, а протестираат студенти од сите факултети, од земјоделскиот до архитектонскиот, јавуваат албанските електронски медиуми.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе