Строги мерки во Албанија: За заминување во продавница потребна е специјална дозвола

Албанската влада објави дека граѓаните ќе мора да бараат дозвола за да излезат по основните набавки.

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека луѓето можат да аплицираат онлајн преку порталот Е-Албанија или со текст-порака. Само едно лице по семејство може да излезе.

Единствени отворени продавници се оние кои продаваат храна, лекови и други основни намирници, а излегувањето е дозволено само меѓу 5 часот наутро и 13 часот од понеделник до сабота.

Никакво движење ниту работење нема да биде дозволено од сабота во 13 часот до понеделник во 5 наутро, а полицијата и војската ќе патролираат по улиците.

Во Албанија се пријавени 186 случаи на заболување со новиот вирус ковид-19, и 10 смртни случаи.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе