Страв од одмазда од Иран: британски танкер се крие во Персискиот Залив

Танкер на британскиот енергетски џин Бритиш петрол (БП), кој треба да наполни милион барели нафта во Ирак, „се крие“ во Персискиот Залив од страв од одмазда на Иран.

Така е најавена тензичната ситуација откако ирански супертанкер кој превезувал нафта за Сирија, инаку погодена од санкции на ЕУ, беше запленет кај Гибралтар од Британците. Запленувањето го извршиле припадници на британската кралска морнарица по налог на САД поради кршење на меѓународните санкции.

Официјален Техеран на тоа реагираше остро, а во една од пораките беше кажано дека нема да им останат должни на Британците. Поради тоа сега танкерот на БП стои празен, пренесува Блумберг.

Според наводите на американската агенција, која се повикува на неименуван извор, британскиот танкер требало да биде на рута кон ирачкиот терминал Басра, но ненадејно скршнал од трасата на 6 јули. Требло да наполни околу милион барели сирова нафта и да ја превезе во северозападна Европа, но товарот досега не е преземен и бродот сега е во водите на Саудиска Арабија во Персискиот Залив во страв од одмазда на Иран за запленетиот танкер.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф запленувањето на танкерот го оцени како грабеж, со забелешка дека нема да ѝ остане должен на Британија. Тој демантираше дека запленетиот танкер Грејс 1 превезувал нафта за Сирија.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе