Страшно невреме во Србија, паѓа град со големина на лешници (ФОТО+ВИДЕО)

Прогнозите на метеоролозите се остваруваат и најавеното невреме за вечерва и ноќта почна во одделни делови на Србија, јавуваат српските медиуми.

Во Ивањица град паѓал околу дваесетина минути, а силни врнежи и град со големина на лешници околу 19 часот го погодиле Чачак и направиле штета во околните села.

Невреме со град имало и во Љиг и во Зрењанин.

Град паѓал и во централните делови на Белград, а во главниот град на Србија сѐ уште трае исклучително силно невреме со дожд и град.

Невремето, кое вечерва го зафати Белград, на кратко ги прекинал и фудбалските натпревари меѓу Црвена звезда и Напредок, односно Партизан и Пролетер. Мечевите биле прекинати поради град, силен дожд и ветер.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе