Страшниот ураган ги опустоши Бахамите, снимките се страшни (ВИДЕО)

Ураганот Доријан, најсилниот кој кога било ги погодил Бахамите, и понатаму се движи над островската држава во Атлантскиот Океан и сее пустош.

Овој ураган, втор најсилен во историјата, уништи или оштети 13 илјади куќи. Бројот на жртви е непознат – засега се знае дека загинало едно осумгодишно момче. Добивањето информации од островите беше отежнато поради фактот што невремето предизвика и прекин на струјата и интернетот.

Откако помина преку островот Абако и некое време сопре над островот Гранд Бахама, Доријан бавно се движи кон западот, односно кон брегот на САД.

Како што јавува Би-би-си, најсилниот дел од ураганот веќе ги минал Бахамите, а со враќањето на интернетот жителите на островите почнаа да споделуваат фотографии и снимки од уништувањето.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе