Страшни глетки во Турција, во огнената стихија страдаат и луѓе и животни (ВИДЕО)

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе десетици се во болници од последици од шумскиот пожар кој ветерот го донесе до летувалиштето Манавгат кај Анталија на југот на Турција. Огнената стихија го зафати и Мармарис во кој настрада едно лице. Властите евакуираа 18 села во округот на Анталија, додека 16 села се евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин.

EPA-EFE

Бројот на настраданите во шумскиот пожар кој втор ден годи во јужна Турција порасна на четири, соопштија службата за вонредни ситуации и турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли.

„За жал, уште едно лице настрада во пожарите. Тоа се случи во областа Мармарис“, кажа турскиот министер за ТРТ.

Повеќе од 100 луѓе морале да бидат евакуирани, бидејќи им било потребно медицинско лекување или претрпеле материјална штета поради пожарите, пренесува Ројтерс.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека 122 лица се погодени од пожарот, а дека на 58 луѓе им е пружена медицинска помош.

Се наведува и дека пожарникарски авион, 19 хеликоптери, околу 250 возила и 960 луѓе се дел од напорите за сузбивање на пожарот.

Телевизиските снимки во Турција пренесуваат снимки од изгорени станбени згради и луѓе како бегаат по полињата додека пожарникарите со хеликоптери се борат против пожарите.

Властите кажаа дека ова се најголемите пожари до сега, додека Пакдемирли соопшти дека од вторникот се забележани 41 пожар во 13 од 81 турска провинција, од кои 31 е ставен под контрола.

Турција ова лето се бори со низа катастрофи предизвикани од екстремните временски услови, вклучувајќи ги поплавите минатиот викенд во кои настрадаа шест луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе