Страшна снимка од внатрешноста на боинг 737 што паѓа во океан (ВИДЕО)

Снимката ја направил инженер за одржување авиони со својот ајфон, кога авионот паднал во Тихи Океан на 28 септември 2018 година. Еден патник загина во несреќата.

Неверојатно, 12 члена на екипажот и 34 патници го преживеаја падот на авионот боинг 737 на Ер Ниугини, иако шестмина беа сериозно повредени. Комисијата за истраги за несреќи на Папуа Нова Гвинеја вчера го објави својот последен извештај за несреќата, во кој се истакнуваат недостатоците што довеле до падот на авионот.

Комисијата објави снимка од несреќата заедно со анимирана реконструкција на последните минути од летот. Моменти пред ударот, вториот пилот ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и викнува: „Многу ниско летаме!“

Снимено во пилотската кабина, во видеото се гледа како пилотот и копилотот ги игнорираат постојаните предупредувања од инструментите на авионот дека авионот тоне предлабоко повикувајќи ги да го кренат.

Локалните чамци и нуркачите на американската морнарица се упатиле на местото на настанот за да ги спасат патниците што излегувале од урнатиот авион, но еден патник сè уште бил внатре кога авионот потонал во водата. Според истражувачите на несреќата, патолог подоцна потврдил дека патникот не бил врзан за седиштето во времето на паѓањето и претрпел кобни повреди на главата, па починал за неколку минути.

Инженерот што ја направил снимката од последното слетување на авионот, седел во кокпитот, а иследниците рекоа дека видеото им било од непроценлива помош да ги одредат факторите што довеле до несреќата, вклучувајќи ги и пилотите, кои недвосмислено ги игнорирале серијата предупредувања од инструментите дека авионот паѓа премногу ниско.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе