Државјани на Србија

Страшна несреќа на автопат во Хрватска, загинаа четири луѓе, меѓу кои и дете (ВИДЕО)

Ноќеска, половина час по полноќ, на автопатот А3 во Хрватска, во близина на паркингот Бошњаци во насока на Загреб, се случи сообраќајна несреќа во која смртно настрадаа четири лица, додека едно лице е повредено, јавуваат хрватските медиуми.

Во автомобил „шкода октавија“ со словенечки регистарски таблички имало 5 луѓе, сите државјани на Србија. Во еден момент возачот на автомобилот изгубил контрола врз возилото и слетал од патот, удирајќи во заштитната ограда на автопатот.

Од силината на ударот и добиените повреди смртно настрадале четири лица (42-годишниот возач и патници во возилото, 14-годишник, 43-годишна жена и 47-годишник), додека 28-годишниот совозач, единствениот кој користел безбедносен појас, е полесно повреден.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе