Страшна епидемија на ебола во Централна Африка, умреа 1.400 луѓе

Раководителот на медицинската истражувачка добротворна фондација Велкам траст ја нарече последната епидемија на ебола во Централна Африка „навистина страшна“, објави денеска Би-би-си.

Џереми Фарар, директорот на Велкам траст, рече дека оваа епидемија е најлоша од крајот на онаа што траеше од 2013 до 2016 и дека не покажува знаци на слабеење.

Таа е „трагична, но не изненадува“, рече Фарар, додавајќи дека е потребен целосен национален и меѓународен одговор за да се заштитат животите.

„Демократската Република Конго не треба со тоа да се справува сама“, истакна тој.

Речиси 1.400 лица починаа во таа земја, а две во соседна Уганда, кои воедно се првите регистрирани случаи на ебола во таа земја.

Петгодишно момче заразено со вирусот почина во вторникот, а една жена, за која се смета дека е неговата баба, почина во средата, соопштија од Министерството за здравство на Уганда.

Владата на Уганда забележа уште најмалку шест случаи за кои постои сомневање дека се ебола.

Во областа Касесе во западна Уганда, каде што се пријавени смртни случаи, јавните собири се забранети, изјави портпаролот на министерството за здравство Емануел Ајнебјон за Ројтерс.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе