Властите игнорирале

Странски разузнавачки агенции неколку пати ја предупредиле Шри Ланка за нападите врз цркви (ВИДЕО)

Властите во Шри Ланка не обратиле внимание на предупредувањето од разузнавачките агенции дека постои закана дека домашна муслиманска радикална група ќе нападне цркви на Велигден.

Меѓународните разузнавачки агенции неколку пати предупредиле за нападот, почнувајќи од 4 април, рече министерот за здравство на земјата, Рајита Сенаратне. На 9 април Министерството за одбрана му испратило писмо на шефот на полицијата со разузнавачки податоци, во кои било и името на групата за која се покажа дека ги извршила нападите, рече тој. На 11 април полицијата им пишала на шефовите за безбедност на судството и на дипломатскиот безбедносен оддел, рече Сенаратне.

И агенцијата Франс прес објави дека добила пристап до документи што покажуваат дека началникот на полицијата на Шри Ланка Пуџут Џајасундара пред десет дена издал предупредување до главните полициски функционери, во кое се вели дека бомбаши-самоубијци планираат напади врз „познати цркви“.

Во извештајот тој се повикува на странски разузнавачки агенции, кои предупредиле дека малку позната исламистичка група планира такви напади. 

Портпаролот на полицијата на Шри Ланка рече дека тој не знаел за таков извештај.

Не се знае каква акција била преземена, ако воопшто било сторено нешто како реакција на тоа, вели Асошиејтед прес. Властите велат дека малку се знаело за групата, освен дека нејзиното име се појавило во разузнавачките извештаи.

Поради политичката дисфункција во владата, рече Сенаратне, ниту премиерот Ранил Викремесинге и неговиот кабинет немале поим за разузнавачките информации, сè до нападите.

Претседателот Маитрела Сирисена, кој бил надвор од земјата за време на нападите, кон крајот од октомври го протера Викремесинге и го распушти кабинетот. Врховниот суд на крај ги поништи неговите постапки, но на премиерот од октомври не му се дозволува да присуствува на состаноците на Советот за безбедност.

Владата прогласи вонредна состојба во Коломбо и го блокираше пристапот до социјалните мрежи. Не се знае кога ќе се укине полицискиот час.

Три цркви во различни делови на земјата и четири хотели во Коломбо беа нападнати. Најмалку 27 лица беа повредени, меѓу кои и државјани на Турција, САД, Кина, Индија, Велика Британија, Холандија...

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе