Катастрофа за животната средина

Стотици слонови најдени мртви во Боцвана (ФОТО)

Стотици слонови мистериозно умреле во Боцвана, што се опишува како катастрофа за животната средина.

EPA-EFE

Повеќе од 350 слонови загинале од непознати причини, а фотографиите од воздух ги прикажуваат нивните трупови расфрлани по делтата на реката Окаванго и другите северни делови на земјата.

Првите умирања на слонови биле забележани во мај при лет над делтата на Окаванго, мочуришно и бујно живеалиште на дивите животни.

„За време на тричасовниот лет забележале 169 умрени слонови“, изјави д-р Нил Меккен за Би-би-си.

„Еден месец подоцна беа најдени уште тела, со што бројот се зголеми на 350“, додаде тој.

Владата на Боцвана сѐ уште не извршила тестирање за траги на отров или патоген, меѓутоа антраксот е исклучен како причина за смртта. Ловокрадците во Зимбабве претходно користеле труења со цијанид.

Научниците ја повикаа владата да ги тестира животните пред да ги исклучат потенцијално опасните патогени кои би можеле да се пренесат од животните на луѓето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе