На североистокот

Стотици села во Кина во карантин по новата појава на коронавирусот

Над 1.000 станбени згради исто така се ставени во карантин во Шулан, соопштија властите.

Повеќе од 8.000 луѓе во градот Шулан во провинцијата Џилин во североисточна Кина се ставени во карантин, откако коронавирусот повторно почна да се појавува кога земјата почна пак да се отвора месецов.

Минатата недела во Шулан беше воспоставен „воен режим“, а здравствените работници и инспекциските екипи беа испратени во таа област, пренесува Си-ен-ен.

Денес во Кина се потврдени пет нови случаи на коронавирусот, од кои два се увезени.

Останатите тројца новозаразени се од семеен контакт, а сите се од Џилин.

Стотици села во североисточната кинеска провинција се во карантин по појавата на ново жариште на коронавирусот, објавија кинеските власти во саботата.

Викендов во областа беше прогласена состојба на висок ризик, пренесува Ен-би-си.

Градоначалничката Јун порача дека ќе го тестира целиот град со фокус на заедниците и клучните јавни места каде што биле откриени првите случаи. Таа додаде дека 19.228 теста веќе биле спроведени до петокот.

Во Кина во изминатиот месец не се пријавени смртни случаи од коронавирусот, при што само Џилин ретроактивно пријави еден починат.

Бројот на жртвите од коронавирусот во Кина е 4.634, а бројот на заразени лица е 82.947.

Во болниците останаа само 86 лица.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе