Стотици илјади луѓе бараат независност на улиците на Барселона (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици илјади луѓе се собраа денес на главниот градски плоштад во Барселона, на денот на главниот празник на шпанската покраина Каталонија.

Полицијата на Барселона процени дека на протестот учествуваа околу 600.000 луѓе.

Тие бараат осамостојување од Шпанија, и тоа само еден ден пред изрекувањето на пресудата на дванаесетте лидери на сепаратистичкото движење.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој од минатата година се обидува да ги смали тензиите во односите со Каталонија, на Твитер напиша: „Денес треба да биде ден на сите Каталонци. Ден за дијалог во рамки на уставот, хармонична коегзистенција, почит и разбирање“.

Празникот 11 септември се слави во знак на сеќавање на освојувањето на Барселона во 1714, во шпанската Војна за наследство. Од 2012 година тој празник се одбележува со масовни демонстрации на поддржувачите на отцепувањето на покраината.

Дванаесетте лидери на Каталонија, кои во 2017 несупешно се обидоа да ја отцепат Каталонија од Шпанија, ја очекуваат пресудата од Врховниот суд за обидот на сецесија.

Регионалниот каталонски претседател Ким Тора изјави дека пресуда дека се виновни би можела да отвори можност за нов чекор кон автономија, но не објасни што тоа конкретно би било.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 беше одржан референдум за незавсност и покрај противењето на централната влада во Мадрид, а потоа на 27 октомври беше прогласена независност, поради што шпанската влада на Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на регионот, ја смени каталонската влада и го распушти парламентот.

Резултатите на анкетите на јавното мислење покажуваат дека меѓу 7,5 милиони жители на Каталонија има отприлика ист број на оние кои се за независност од Шпанија и на оние кое се против неа.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе