Стотици илјади Колумбијци излегоа на улиците, загинаа три лица (ВИДЕО)

Три лица загинаа како последица на вчерашните протести низ Колумбија, соопшти колумбискиот министер за одбрана Карлос Холмес Трухијо во времето кога беше упатен повик на уште еден голем протест.

Над 250.000 луѓе излегоа на улиците за да го изразат растечкото незадоволство од владата на претседателот Иван Дуке, вклучувајќи ги гласините за економски реформи и гневот поради тоа што владата не презема мерки против корупцијата и убиствата на активистите за човекови права.

Поранешниот левичарски претседателски кандидат Густаво Петро повика денес на „сасероласо“, протест со тропање со лонци и тави на централниот плоштад во Богота. Неговиот повик не го поддржаа синдикатите кои го организираа претходниот протест.

Немирите се случуваат паралелно со демонстрациите во другите јужноамерикански земји, вклучувајќи ги протестите против острите мерки за штедење во Чиле, протестите поради наводното местење на изборите во Боливија кои доведоа до оставка на претседателот Ево Моралес и растот на тензиите во од криза погодената Никарагва.

Трухијо на новинарите им кажа дека се води истрага за трите смртни случаи во покраината Ваје дел Каука.

„Во последните неколку часа властите ја потврдија смртта на две лица во немирите во Буенавентура и уште една во Канделарија“, кажа тој, додавајќи дека група луѓе сакале да ограбат трговски центар.

Според него, поради обид за грабеж биле повикани безбедносните сили. групата врз нив фрлала камења и ги нападнала со палки.

„Во судирите меѓу вандалите и безбедносните сили и во настаните кои се предмет на истрага на кабинетот на јавниот обвинител убиени се две лица“.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе