Бугарија

Стотици екстремни десничари се собраа во Софија, запалија факели за бугарскиот фашист (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици десничарски екстремисти се собраа во саботата вечер во бугарскиот главен град Софија, носејќи факели за да му оддадат почит на генералот од Втората светска војна, познат по тоа дека ја поддржувал тогашна нацистичка Германија.

Таканаречениот Луков Марш со кој веќе повеќе од десет години, секоја година му се оддава почит на поранешниот генерал и воен министер Христо Луков, кој во февруари 1943 година бил убиен од страна на комунистите, се одржа и покрај обидите на властите да го забранат. Градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова членка на централно-десничарската партија ГЕРБ, го забрани маршот, но судот ја отфрли забраната.

Светскиот еврејски конгрес, САД, бугарската влада и опозициските социјалисти го осудија одржувањето на маршот.

„Генералот Христо Луков бил нацистички симпатизер кој промовирал омраза и неправда, па не е некој кој заслужува длабока почит“, се вели во соопштението на американската амбасада во Бугарија.

Луков го предводел екстремното десно крило на Сојузот на бугарските национални легии од 1930 до својата смрт и бил воен министер од 1935 до 1938. Бугарското кралство било сојузник на нацистичка Германија од 1941 до 1944.

Повеќе десетици членови на екстремната десница од различни европски земји учествуваа на настанот.

Така, Швеѓанецот Роберт Еклунд, од Движењето на нордискиот отпор, кажа дека дошол во Бугарија „за да се бори против заедничкиот непријател: мулти-културализмот, глобализацијата и Европската унија“ додавајќи дека „сака да застане против европската имиграција“ .

Од 1-ви јануари Бугарија го презеде полугодишното претседавање со ЕУ.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе