Јавна истрага

Стотици деца биле сексуално малтретирани во домови во Лондон неколку децении

Британската јавна истрага за сексуално малтретирање деца соопшти денес дека неколку стотици деца биле изложени на „тешко сфатливи“ нивоа на злоставување и занемарување во текот на неколку децении.

EPA-EFE

Независната истрага за сексуално малтретирање на децата наведе дека социјалните работници во општината Ламбет во јужен Лондон меѓу шеесеттите и деведесеттите години од минатиот век се однесувале кон децата како да се „безвредни“.

Кажано е дека вработени во општината јужен Лондон „ги изложиле ранливите деца“ на сексуални престапници кои се инфилтрирале во домовите за сираци и старателските семејства со „разорни, доживотни последици по жртвите“.

Кога децата се жалеле главно не им верувале.

„Во текот на неколку децении во домовите и старателските семејства претрпеле нивоа на суровост и сексуално малтретирање кои се тешки за сфаќање“, кажа шефицата на истрагата Алексис Џеј.

Авторите на извештајот кои собрале докази за силувања, малтретирања и сексуално злоставување на децата наведоа дека 705 поранешни корисници на три дома пријавиле сексуално и други видови малтретирање, но дека за четириесет години само еден од вработените бил дисциплински казнет.

Во извештајот се наведува дека многу вработени покажувале „бесчувствителна негрижа за ранливите деца“ иако биле платени да се грижат за нив, како и дека „расизмот е евидентен во непријателското и насилно однесување“ кон црните деца.

Авторите на извештајот ја повикале полицијата да разгледа дали постои основа за отворање кривична истрага за смртта на едно момче, кое се убило во дом во 1977 година, а претходно се жалел дека го малтретира еден постар вработен.

Повеќегодишната истрага е отворена по смртта на британскиот водител Џими Севил во 2011 година, кој водеше и детски емисии, кога десетина лица пријавија дека ги злоставувал.

Истрагата сега е насочена на пропустите во заштитата на децата во повеќе средини, вклучува ги школите кои ги водат црквите, поправните домови за малолетници, а вкупниот извештај ќе биде објавен следната година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе