Стотици бегалци од ЕУ се враќаат во Украина

Стотици Украинци што избегале од војната се враќаат во својата земја, јавува Ен-би-си њуз. На пример, во Будимпешта, повеќе од 200 Украинци биле видени како чекаат воз за Украина.

Фото: ЕПА

Јулија Калињина, која патува со својата сестра за да се вратат во Украина кај своите сопрузи, призна дека одлуката не била лесна. „Се плашам“, рече Калињина, која е од Киев. „Но навистина сакам да си одам дома. Сакам да се видам со мојот сопруг. Подобро да се плашам со него отколку овде сама“.

На украинските мажи на возраст од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштат земјата, за во случај на потреба да се борат против руската инвазија. Калињина и нејзината сестра се меѓу малиот број бегалци што се исцрпени поради одвојувањето од своите семејства и почнуваат да се враќаат во Украина.

Украинската гранична полиција објави дека само минатата недела повеќе од 22.000 Украинци ја минале границата и се вратиле во земјата. Истиот ден, 33.000 луѓе ја напуштиле земјата.

Повеќе од 4 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на инвазијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе