Стотици американски државјани, авганистански командоси успешно евакуирани преку тајна база на ЦИА

Тајната операција резултираше со успешна евакуација на стотици американски граѓани и Авганистанци во опасност.

Илустрација: ЕПА

Додека администрацијата на Бајден се обидуваше да спроведе масовна евакуација од Авганистан, американските власти тивко им наложија на американските државјани и на Авганистанците во опасност, вклучувајќи ги и авганистанските командоси, да се упатат кон тајната база на ЦИА надвор од Кабул за да им обезбедат безбеден премин во САД.

Тајната операција, која се одржуваше во текот на неколку недели во август, резултираше со успешна евакуација на стотици американски државјани и Авганистанци во опасност, вклучително и припадници на елитните авганистански специјални сили и членови на нивните семејства. Најмалку 1.000 авганистански командоси и членовите на нивните семејства биле евакуирани во целокупниот напор на САД.

Деталите за операцијата се базираат на документи доставени до Политико и разговори со висок административен службеник, службеник во одбраната и претставник на Конгресот, а сите за чувствителните информации зборуваа под услов на анонимност.

Американски службеник ја потврди вклученоста на ЦИА во евакуацијата, истакнувајќи дека агенцијата „тесно соработуваше со други агенции за на различни начини на американските граѓани и Авганистанците во опасност да им го олесни пристапот до аеродромот“.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе