Кај Кајмански Острови

Стотици ајкули и други риби заплеткани во „сенишна мрежа“ што плови низ Карипско Море (ФОТО+ВИДЕО)

„Прв скокнав во водата и бев шокиран од она што го видов. Ми го одзеде здивот - првото нешто што го видов беше млада океанска беловрвна ајкула.“

Нуркачи откриле стотици мртви риби и ајкули заплеткани во огромна, напуштена риболовна мрежа, која пловела крај брегот на Кајманските Острови.

Пловечката „сенишна мрежа“ веројатно со месеци го заробува и го убива морскиот свет што ќе ѝ се најде на патот, додека се движи низ Карипско Море.

Нуркачот што направил подводни слики од мрежата рече дека многу од животните биле толку распаднати што било невозможно да се каже кои видови се.

Доминик Мартин-Мајс, 27-годишен рибар и инструктор по нуркање, кој прв го открил ужасот, за Индипендент рекол дека тој и неколку пријатели ја нашле „цврстата мрежа од мртви, распаднати риби и ајкули“ во понеделникот попладне.

„Во почетокот мислевме дека е трупец, но кога се приближивме, можевме да видиме дека тоа е мрежа со пловаци“, рекол тој. „Прв скокнав во водата и бев шокиран од она што го видов. Ми го одзеде здивот - првото нешто што го видов беше млада океанска беловрвна ајкула.“

„Му довикнав на другарот што беше со мене да земе нож и да скокне. Направивме што можевме за да ослободиме дел од заробените риби, но повеќето од нив веќе беа мртви“.

Мартин-Мајс рече дека таа најверојатно патувала повеќе од двесте километри од местото каде што тие ја нашле - шест километри северно од Гранд Кајман.

Мартин-Мајс вели дека тој и неговите пријатели успеале од мрежата да спасат голем број риби, па дури и ајкула, проценувајќи дека мрежата е до 15 метри широка и 15 метри длабока.

Тие нашле кофи, јажиња, шишиња, долг кабел „што исчезна во длабочините“, па дури и дрво заплеткано меѓу стотиците трупови.

„Колку повеќе се фатат, толку повеќе доаѓаат за да ги јадат и се фаќаат и самите“, вели тој.

Но тие не можеле долго да останат во водата, поради силните струи, другите океански предатори, и ризикот да бидат фатени во мрежата.

„Единствена цел на мрежата во животот е да убива - ако ви се заплетка раката во неа, се давите“, предупредува тој.

Владата на Кајманските Острови во вторникот издаде предупредување до чамците во обид да ја пресели мрежата, а вчера таа била преместена од Гранд Кајман, вели Кајман компас.

Рибарот Чарлс Ебенкс ја нашол закачена и успеал да ја откачи, па под упатства од Одделот за животна средина, ја вкотвил на блиското сидриште.

Тим Остин, заменик-директор на Одделот за животна средина на Кајман, рече дека тим од одделот ќе ја отстрани смртоносната мрежа од океанот.

Објавено

Петок, Април 20, 2018 - 14:32

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе