„Целосна солидарност“

Столтенберг: Во Турција се распоредени противракетни системи, авионите патролираат, бродовите влегуваат во пристаништата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг озјави дека НАТО проценува како да ѝ помогне на својата членка Турција во конфликтот во Сирија.

Турција на северот на Сирија се судира и со сириските и со руските сили.

„Постојано ја проценуваме ситуацијата и ѝ пружаме поддршка на Турција. Турција граничи со Ирак и Сирија и ниедна сојузничка не пропати повеќе и не е зафатена со толкаво насилство како Турција“, им кажа на новинарите Столтенберг.

Тој истакна дека во Турција веќе се распоредени противвоздушните ракетни системи „патриот“ од Шпанија, дека авионите „авакс“ патролираат по небото и дека бродовите на НАТО влегуваат во турските пристаништа.

Турција очекува помош од сојузниците во време на интензивирање на конфликтот во сириската провинција Идлиб, одалечена неколку десетици километри од турската граница. Турција и сисриките милитанти кои ги поддржува во Идлиб се борат против силите на сириската влада поддржани од Русија.

Од Идлиб во последниот месец избегаа речиси милион луѓе.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе