Столтенберг: Руската агресија ја менува играта, принудени сме на промени

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „руската агресија ја менува играта“ и дека воениот пакт ќе ги засили воздушната, поморската и сајбер одбраната, како и дека ќе користи повеќе технолошки софистицирани трупи на териториите на земјите членки.

EPA-EFE

Столтенберг навести дека во иднина НАТО трупите ќе бидат задолжени за директна одбрана на одредени земји, и нема да бидат на општа должност како до сега, што треба да им овозможи побрзо да реагираат.

Повтори дека НАТО е „посветен на тоа да обезбеди сè што е потребно за зачувување на правото на Украина на самоодбрана“ и најави дека Алијансата ќе распореди повеќе трупи на своето источно крило.

Зборувајќи во Брисел, генералниот секретар на НАТО ја осуди „безмилосната војна на исцрпување против Украина која ја води Русија“ и додаде дека западниот воен пакт планира сеопфатен пакет за помош на Украина за таа да може да премине од оружјето од советската ера на оружјето на НАТО.

Одговарајќи на прашањето за изјавата на папата Франциско дека војната во Украина е „можеби некако предизвикана“, Столтенберг кажа дека НАТО е одбранбен сојуз и дека „за оваа брутална агресија се одговорни (рускиот претседател Владимир) Путин и Москва“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе