Столтенберг: Русија е директна закана за нас, НАТО подготвува нов план

Русија претставува „директна закана" за безбедноста на земјите на НАТО кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави Јенс Столтенберг генералниот секретар на Алијансата. „Јасно ќе ставиме до знаење на самитот што треба да ги ревидира насоките на НАТО за прв пат од 2010 година дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност", нагласи Столтенберг.

Фото: ЕПА

На самитот лидерите на НАТО ќе усвојат нов стратешки концепт за следните 10 години, кој ќе ги дефинира безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата и ќе ги наведе политичките и воените задачи што НАТО треба да ги изврши за да ги реши. Во последниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО.

„Тоа нема да биде случај во стратешкиот концепт за кој ќе се договориме во Мадрид. Очекувам сојузниците јасно да кажат дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, за нашите вредности, за меѓународниот поредок заснован на правила“, изјави претходно Столтенберг.

Тој го нарече самитот во Мадрид историски бидејќи НАТО минува низ „најсериозна безбедносна криза од Втората светска војна“. Столтенберг нагласи дека очекува наскоро ратификација на шведското и финското членство во воената алијанса.

„Ќе донесеме одлука на самитот да ги поканиме Шведска и Финска да станат членки со брзина невидена досега“, изјави тој за новинарите на почетокот на вториот ден од самитот во Мадрид. Двете земји поднесоа барање за членство во средината на мај.

„Секогаш е потребно време за ова, но очекувам да помине релативно брзо бидејќи сојузниците се подготвени да се обидат да го завршат процесот на ратификација што е можно поскоро“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе