Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се ништо необично

Не е необично членките на НАТО да имаат различни мислења, кажа генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз Јенс Столтенберг за актуелното одбивање на Турција да го подржи пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.

EPA-EFE

„Во НАТО не е необично да се имаат различни мислења за важните одлуки. Кога постојат различни мислења, имаме многу искуство со тоа, седнуваме и наоѓаме решение“, им кажа Столтенберг на новинарите при посетата на Копенхаген.

„Во тесен контакт сме со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженост кои ги изрази Турција“, додаде шефот на западниот воен пакт.

Истакна дека верува во „брза одлука“ за примањето на двете земји во НАТО. Шведска и Финска во средата предадоа официјална кандидатура за приклучување во НАТО.

Речиси сите држави членки на воениот пакт позитивно ги дочекаа барањата за членство на Шведска и Финска, но Турција се закани дека ќе стави вето на проширувањето.

Анкара ја обвини Шведска дека е „расадник на терористички организации“ како курдската ПКК, која Анкара ја смета за терористичка група, и им замерува на двете земји дека не дозволуваат екстрадиција на лицата обвинети за тероризам, и за тоа што го прекинале извозот на оружје во Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе