„Пекинг не е новиот непријател“

Столтенберг предупреди на подемот на Кина

Шефот на НАТО предупреди вчера дека подемот на Кина „суштински ја поместува глобалната рамнотежа на моќ“ и ги повика државите кои размислуваат на сличен начин да ѝ се придружат на воената алијанса и да станат против „насилството и заплашувањата“ во светските случувања“.

EPA-EFE

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како што пренесува Фајненшл тајмс, инсистира дека Пекинг „не е новиот непријател“ додека се обидува да ги ублажи тензиите во самата Алијанса по најавата дека САД планираат да повлечат речиси 10.000 војници стационирани во Германија.

Столтенберг кажа дека пандемијата на коронавирусот „ги засилила постојните тензии и трендовите кога станува збор за нашата безбедност“, а дека подемот на Кина која е на второто место во светот според вложувањето во војската бара „глобален пристап“ на членките на НАТО.

„Подемот на Кина суштински ја поместува глобалната рамнотежа на моќта, засилувајќи ја трката за економска и технолошка доминација, како и заканите кон отворените општества и индивидуалните слободи“, кажа Столтенберг.

Неговиот коментар покажува дека Кина се искачува на агендата на воениот пакт, а го изнесе во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги критикува европските сојузници на НАТО дека не трошат доволно за војската, бара меѓународна поддршка за поостар пристап кон кинеските технолошки компании како Хуавеј.

„Ни се приближуваат во сајберспејсот, ги гледаме на Арктикот, во Африка, инвестираат во нашата клучна инфраструктура“, кажа Столтенберг зборувајќи за Кина на настан организиран од Атлантскиот сојуз и германскиот Маршалов фонд. „Сѐ повеќе соработуваат со Русија, а тоа има безбедносни последици за НАТО сојузниците“.

Столтенберг одби да ги коментира извештаите за планот за намалување на американските воени сили во Германија кажувајќи дека станува збор за шпекулации. „Она што можам да го кажам е дека постојано сме во консултации со САД и другите сојузници за позицијата и присуството на нивните трупи во Европа“, кажа Столтенберг.

Тој потоа на Твитер објави дека разговарал со Трамп за важноста на „зачувувањето на силата на НАТО“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе