Столтенберг: Оваа војна мора да заврши, ужасно и неприфатливо е да се пука во цивили

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го нарече убиството на цивилите во украинска Буча „бруталност“ невидена во Европа со децении и рече дека нивната смрт ја зголеми потребата рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната.

Фото: ЕПА

„Ужасно е и апсолутно неприфатливо врз цивилите да се пука и да се убиваат. И тоа ја нагласува важноста... дека оваа војна мора да заврши“, изјави Столтенберг за Си-ен-ен.

„Одговорност на претседателот Путин е да ја запре војната“, продолжи Столтенберг, додавајќи дека е „исклучително важно“ Меѓународниот кривичен суд да ја продолжи истрагата за „потенцијалните воени злосторства во Украина и да ги стави на маса сите факти“, објави Ројтерс.

Одговорните, додаде тој, треба да одговараат.

Столтенберг рече дека заминувањето на руските војници од областа Киев „не е вистинско повлекување“.

„Она што го гледаме е дека Русија ги преместува своите војници и враќа некои од нив за повторно да ги вооружи, да ги зајакне, да ги снабди.“

Тој предупреди дека не треба да се биде „премногу оптимист бидејќи нападите ќе продолжат“.

Столтенберг го нарече репозиционирањето на руските трупи „промена на стратегијата“ за воведување повеќе сили во јужна и источна Украина, каде што руските сили и сепаратистите поддржани од Москва се борат за контрола на регионот на Донбас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе