Столтенберг: Очекувам брза ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО

„По повикот, ни треба процес на ратификација во 30 парламенти. Секогаш е потребно извесно време, но исто така очекувам дека и тоа ќе помине прилично брзо.“

Фото: ЕПА

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува брза ратификација на членството на Шведска и Финска во воената алијанса, пренесува Ројтерс.

„На самитот ќе донесеме одлука да ги поканиме Шведска и Финска да станат членки - брзо и без преседан“, изјави Столтенберг за новинарите на вториот ден од самитот на НАТО во Мадрид.

Двете земји аплицираа за членство во алијансата во средината на мај.

„По повикот, ни треба процес на ратификација во 30 парламенти. Секогаш е потребно извесно време, но исто така очекувам дека и тоа ќе помине прилично брзо, бидејќи сојузниците се подготвени да се обидат тој процес на ратификација да се одржи што е можно поскоро“, додаде Столтенберг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе