„Кина не е наш противник, наш непријател“

Столтенберг: Нема да има нова студена војна со Кина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја отфрли денес можноста од студена војна со Кина.

EPA-EFE

„Кина не е наш противник, наш непријател. Нема да има нова студена војна со Кина. Но мора да се соочиме со предизвиците кои Кина ги создава за нашата безбедност“, кажа Столтенберг пред самитот на НАТО во Брисел.

Тој кажа дека лидерите на НАТО се сретнуваат во „клучен момент за Алијансата и дека денес ќе биде отворено ново поглавје во трансатлантскиот однос“. Зборувајќи за Русија, Столтенберг оцени дека односите со Москва се „на најниско ниво од завршувањето на Студената војна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе