Столтенберг: НАТО седумкратно ќе ги зголеми силите за брза реакција

НАТО значително ќе го зголеми бројот на силите со висока готовност на повеќе од 300.000 од сегашните 40.000. Ова е најголем пораст од Студената војна.

Фото: ЕПА

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, исто така потврди дека сојузниците ќе распоредат трупи во земјите на НАТО најблиску до Русија.

Одлуките ќе бидат претставени на значајниот самит на НАТО оваа недела во Мадрид.

„Ќе ги трансформираме силите за одговор на НАТО и ќе го зголемиме бројот на нашите сили со висока готовност на повеќе од 300.000“, изјави Столтенберг за новинарите.

Во моментов, силите за одговор на НАТО имаат околу 40.000 војници, морнари и воздухопловци. Ќе се смени и нивното име и силите отсега ќе се нарекуваат „Сојузнички сили за реакција“, пишува Скај њуз.

Столтенберг најави дека во новиот стратегиски концепт што сојузниците ќе го усвојат во Мадрид Русија ќе биде дефинирана како „најголемата и најдиректна закана за нашата безбедност“.

Во последниот Стратегиски концепт усвоен во 2010 година Русија беше дефинирана како стратегиски партнер на НАТО.

„Тоа нема да биде случај во стратегискиот концепт за кој ќе се договориме во Мадрид. Очекувам сојузниците јасно да кажат дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нашите вредности, меѓународниот поредок заснован на правила“, рече Столтенберг.

За прв пат во Стратегискиот концепт ќе се спомене и Кина и предизвиците што Пекинг ги претставува за членките на НАТО.

Сѐ уште не е јасно дали ќе се реши прашањето за турската блокада приемот на Финска и Шведска во НАТО. Столтенберг рече дека на тоа интензивно се работи, дека ќе има средби и во Мадрид, но дека „не може да вети дека блокадата ќе биде отстранета“.

Тој најави дека во вторник во Мадрид ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со финскиот Саули Ниинисто и со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе