„Јасно ставивме до знаење дека цената што ќе ја платат ќе биде висока, а санкциите се една од опциите“, изјави Столтенберг за Ројтерс.
Тој на прес-конференција по самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига рече дека евентуалната руска агресија врз Украина ќе има сериозни политички и економски последици за Москва.
Тој истакна дека поддршката на НАТО за територијалниот интегритет на Украина „останува непоколеблива“, нарекувајќи го Киев „близок и високо ценет партнер“.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи да се започнат преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО кон исток на Европа.
Според Спутник, тој на состанокот во руското Министерство за надворешни работи рекол дека најважна задача на руската дипломатија е да добие сигурни и долгорочни безбедносни гаранции.
Тој нагласи дека Русија во дијалог со САД и нивните сојузници, ќе инсистира на изготвување конкретен договор кој исклучува какво било понатамошно придвижување на НАТО кон исток и распоредување воени системи во непосредна близина на нејзините граници.
„Предлагам да се започнат разговори на овој план. Посебно нагласувам: потребна ни е правна гаранција, бидејќи западните колеги не ги реализираат усно преземените обврските“, рече Путин.
Тој нагласи дека сè било спротивно направено.
„Не бараме никакви посебни услови за себе, разбираме дека сите договори треба да ги земат предвид интересите на Русија и на сите евроатлантски држави“, додаде рускиот претседател.