Столтенберг: Москва знае дека ќе плати висока цена доколку ја нападне Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија да не користи сила против соседот Украина и за Ројтерс изјави дека: „Москва знае дека ќе плати висока цена преку санкции и други чекори на Западот за каква било агресија". На средбата во Министерството за надворешни работи на Русија, претседателот на Русија предложи да се започнат преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО на истокот на Европа.

Фото: ЕПА

„Јасно ставивме до знаење дека цената што ќе ја платат ќе биде висока, а санкциите се една од опциите“, изјави Столтенберг за Ројтерс.

Тој на прес-конференција по самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига рече дека евентуалната руска агресија врз Украина ќе има сериозни политички и економски последици за Москва.

Тој истакна дека поддршката на НАТО за територијалниот интегритет на Украина „останува непоколеблива“, нарекувајќи го Киев „близок и високо ценет партнер“.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи да се започнат преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО кон исток на Европа.

Според Спутник, тој на состанокот во руското Министерство за надворешни работи рекол дека најважна задача на руската дипломатија е да добие сигурни и долгорочни безбедносни гаранции.

Тој нагласи дека Русија во дијалог со САД и нивните сојузници, ќе инсистира на изготвување конкретен договор кој исклучува какво било понатамошно придвижување на НАТО кон исток и распоредување воени системи во непосредна близина на нејзините граници.

„Предлагам да се започнат разговори на овој план. Посебно нагласувам: потребна ни е правна гаранција, бидејќи западните колеги не ги реализираат усно преземените обврските“, рече Путин.

Тој нагласи дека сè било спротивно направено.

„Не бараме никакви посебни услови за себе, разбираме дека сите договори треба да ги земат предвид интересите на Русија и на сите евроатлантски држави“, додаде рускиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе