Столтенберг: „Коронавирусот не ги загрозува операциите на НАТО“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека пандемијата ковид-19 донекаде ја модификувала, но во никој случај не ја разнишала можноста на Алијансата да спроведува акции.

„Способноста на НАТО да спроведува операции не е разнишана. Нашите сили остануваат подготвени и нашата работа продолжува, вклучително и мисиите од Авганистан до Косово“, вели Столтенберг.

Јенс Столтенберг преку видео конференција од седиштето на НАТО во Брисел, ја изрази својата поддршка за сите припадници на војската кои им помагаат на членките на НАТО во борбата против ковид-19.

„Овие се предизвикувачки времиња за сите нас како индивидуи, заедници и нации. Ова е време кога нашата отпорност е тестирана до крајни граници“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО оценува дека пандемијата на ковид-19 е „невидена криза“.

„Надминавме и други кризи, заедно ќе ја надминеме и оваа“, рече Столтенберг.

Тој истакна дека НАТО спроведува строги мерки за да го намали ширењето на ковид-19 на војниците и на цивилите, како и дека ги продолжува своите основни задачи во цел за одбрана на сојузниците.

„Од витално значење е да се одржи здравјето и подготвеноста“, рече Столтенберг.

Јенс Столтенбрег исто така наведе дека последниот извештај на НАТО за 2019 година укажува на значајната поддршка што Алијансата ја има меѓу граѓаните на 29 сојузнички држави и Северна Македонија.

Во извештајот се вели дека 81 отсто од анкетираните граѓани оцениле дека соработката по безбедносните прашања меѓу САД и ЕУ е „лажна“.

Се додава дека 76 проценти од испитаниците велат дека сојузниците на НАТО ги бранат во случај на напад; 60 проценти веруваат дека членството во НАТО ги штити од напад, однадвор, а 64% од анкетираните граѓани велат дека сакаат нивните земји да останат во НАТО.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе