Ги повика на смиреност и воздржаност

Столтенберг ги повика Вучиќ и Харадинај: Дијалог со посредство на ЕУ е единствениот пат до траен мир и стабилност во регионот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес ги повика Белград и Приштина да покажат смиреност и воздржаност и да избегнуваат провокативни изјави или постапки.

НАТО соопшти дека Столтенберг по телефон ги контактирал денес претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

„Двајцата ги потсетив дека дијалог меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ е единствениот пат до траен мир и стабилност во регионот“, наведе Столтенберг во соопштението.

Столтенберг изјави дека во разговорот со Харадинај нагласил дека планот за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска дошло во погрешно време, дека е во спротивност со советите на многу членки на НАТО и дека ќе има негативни последици врз перспективите на Косово за евроатлантските интеграции.

Тој наведе дека на Харадинај му кажал дека во случај на промена на мандатот на Косовските безбедносни сили, НАТО ќе мора да го преиспита нивото на својот ангажман во Косовските безбедносни сили.

Харадинај по разговорите со Столтенберг соопшти дека Косово на 14 декември ќе донесе „суверена одлука за трансформација на Безбедносните сили во Војска на Косово“.

Тој на Фејсбук наведе дека на Столтенберг му ја пренел позицијата на косовските институции за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска.

Столтенберг, рече дека со Вучиќ разговарал за потребата да се намалат тензиите, додавајќи дека НАТО е посветен на безбедноста и стабилноста на Косово преку мисијата на КФОР.

Кабинетот на претседателот на Србија соопшти дека Вучиќ и Столтенберг се договориле да останат „во постојан и директен контакт“, како и Војската на Србија повторно да воспостави секојдневни контакти со силите на КФОР на Косово, за да разменуваат информации и да го следат развојот на настаните.

Српскиот претседател во телефонскиот разговор „го запознал генералниот секретар Столтенберг со проблемите со кои Србија се соочува а особено српскиот народ на Косово и Метохија, поради ирационалниот потег на Приштина да наметне данок од 100 отсто на прозиводите од централна Србија, спротивно на договорите“ се наведува во соопштението.

Вучиќ изрази вознемиреност поради намерите на Косово да формира војска и опасноста која овој чекор ја носи за опстанокот на српскиот народ на Косово и безбедноста на Србија, како и за мирот и стабилноста во регионот и „му се заблагодари на генералниот секретар на НАТО дека не е време за формирање на војска на Косово“, се вели во соопштението.

Столтенберг истакнал колку го цени придонесот на Србија кон мирот и стабилноста во регионот.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе