Шефот на НАТО

Столтенберг: Членките се разочарани поради косовската војска и царините против Србија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека некои членки на НАТО се разочарани поради воведувањето на косовските царини на увозот на стока од Србија.

Тој додаде дека постои и незадоволство поради лошо истемпираната одлука за трансформација на косовските безбедносни сили во војска.

„Тие јасно дадоа до знаење дека безбедносните сили на Косово мора да ги почитуваат меѓународните обврски, вклучувајќи го и Бриселскиот договор, што подразбира дека нема да се движат на северот на Косово без согласност од КФОР и НАТО“, порача Столтенберг на конференција за новинарите во Брисел пред дводневната средба на министрите за одбрана.

Столтенберг најави дека министрите за одбрана на НАТО во четврток во Брисел ќе разговараат за состојбата на Косово и за ангажманот со косовските безбедносни сили.

„Сѐ уште не сме донеле одлука, но кажавме дека ќе го процениме нивото на ангажманот на НАТО бидејќи неколку сојузници сметаат дека одлуката за трансформација на безбедносните сили во војска дојде во погрешно време, а неколку од нив се разочарани од царините“, кажа Столтенберг.

Шефот на воената алијанса кажа дека брз оглед на разговорите за „нивото на ангажманот со косовските безбедносни сили“, основниот мандат на КФОР на Косово нема да се менува.

„КФОР е мисија која трае веќе 20 години и нејзиниот мандат е заснован врз Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Тој придонесува на стабилноста, ги штити луѓето и придонесува на стабилноста на поширокиот регион. Тоа ќе продолжи и ќе остане непроменето“, порача Столтенберг.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе