Столтенберг: Членките на НАТО да бидат обединети и покрај несогласувањата околу подморниците

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во Њујорк дека членките на Алијансата треба да останат обединети и покрај несогласувањата околу раскинувањето на договорот за продажба на француски подморници на Австралија, како дел од новото стратегиско партнерство меѓу САД, Велика Британија и Австралија.

Фото: ЕПА

Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и Велика Британија да доведе до траен раскол.

Лидерите на Европската Унија ја поддржаа Франција во спорот околу одлуката на Австралија да се откаже од договорот со Французите за купување подморници и да го потпише трилатералниот Азиско-пацифички безбедносен договор со САД и Велика Британија.

Сепак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не поддржа ниедна страна, и во интервју за АП, тој го истакна единството околу главните цели на Алијансата.

„Целосно го разбирам разочарувањето на Франција. Во исто време, сојузниците во НАТО се согласуваат за најважните работи, а тоа е дека мора да бидеме обединети за да се соочиме со заедничките предизвици, вклучително и промена на глобалната рамнотежа на силите“, рече тој на маргините на Генералното собрание на ОН.

Столтенберг изрази уверување дека Франција, Велика Британија и САД „ќе го најдат патот напред и нема да дозволат несогласувањата да создадат трајни проблеми за алијансата“.

Француските власти постојано го осудуваат раскинувањето на договорот и новото стратегиско партнерство на трите земји, сметајќи го за предавство.

Министрите за надворешни работи на ЕУ изразија поддршка за Франција по состанокот на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН.

Австралија тврди дека договорот за подморници се однесува на заштитата на нејзините стратегиски интереси во услови на општа загриженост за зголеменото влијание на Кина.

Канбера го откажа купувањето на 12 француски подморници на дизел-електричен погон, во вредност од 66 милијарди долари, и наместо тоа одлучи да купи најмалку осум технолошки понапредни, нуклеарни подморници од Велика Британија и САД.

Обединетото Кралство и САД инсистираат дека несогласувањето не треба да ги наруши нивните севкупни односи со Франција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе