Столтенберг бара поголем буџет, НАТО отвора нови командни центри

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика европските сојузници и Канада да продолжат со зголемувањето на трошоците на полето на одбраната, јавува Асошиејтед прес, со напомена дека повикот е испратен во момент кога воениот пакт ги шири своите командни центри како одговор на јакнењето на Русија.

„За да ги одржиме нашите земји безбедни, потребни ни се повеќе воени расходи, инвестиции во клучните капацитети и сили за мисиите и операциите на НАТО“, кажа денес Столтенберг.

На состанокот на НАТО во Брисел, министрите за одбрана, како што е најавено, ќе објават отворање два нови командни центри кои ќе ги опфатат трансатлантските патишта за поморски сообраќај, како и логистиката и транспортот во Европа.

Се очекува САД да ја преземат одговорноста за атлантската команда, додека Германија има најголеми шанси да ја преземе надлежноста за логистичкиот центар.

Покрај ова, НАТО сојузниците најверојатно ќе објават дека ќе се формира нов центар за сајбер операции, пишува АП.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе