Стјуардеси на затворената компанија Алиталија ги соблекоа униформите во знак на протест (ВИДЕО)

Десетици поранешни стјуардеси на згаснатата авио-компанија Алиталија ги соблекоа униформите денес, носејќи само долна облека на мирниот, сценски испланиран протест во центарот на Рим.

Скриншот Јутјуб

Италијанската компанија долго време се мачеше со финансиски проблеми и нестабилност, а последниот лет беше изведен на 14 октомври. Новата авиокомпанија, ИТА, почна да лета следниот ден, користејќи некои од авионите на Алиталија. Таа ја купи марката Алиталија, но презема помалку од 3.000 од 10.000 вработени на Алиталија.

Синдикатите соопштија и дека оние кои ќе останат на работа ќе бидат вработени со значително помали плати.

Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римски плоштад, ги спуштија торбите на калдрмата, па полека и синхронизирано почнаа да ги соблекуваат униформите.

Останаа боси, само во долна облека, во тишина, неколку минути. Потоа внимателно ги собраа облеката и обувките и заедно извикаа: „Ние сме Алиталија!“

Синдикалните лидери вршат притисок врз владата да продолжи да ги плаќа давачките за невработените дури пет години.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе