Во повеќе наврати

Стејт департментот тврди дека Асад користел хемиско оружје во Сирија

Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) објави извештај со кој на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад му се припишани три случаи на употреба на хемиско оружје, соопшти американскиот Стејт департмент.

Истражниот и идентификациски тим на ОПЦВ заклучил дека постојат оправдани причини за верување дека сириските арапски воздухопловни сили на 24 и 30 март 2017 фрлиле бомби со гасот сарин во Лтаменах.

„Тоа се однесува и на фрлањето цилинди со хлор во болница во истото место на 25 март 2017, со што се потврдува дека режимот користи хемиско оружје и не го почитува човечкиот живот“, се наведува во извештајот.

Според Стејт департментот, „и покрај пристапувањето на Сирија на Конценцијата за хемиското оружје во 2013 година, режимот на Асад од тогаш повеќе пати изврши напади со хемиско оружје за да ја задржи својата моќ“.

Сирија денес го отфрли извештајот на ОПЦВ дека нејзиното воено воздухопловство извршило серија напади со сарин и хлор врз бунтовниците во 2017 година.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе